Зголемен извозот на вино од Македонија

Bez autora
May 29 2013

Зголемен е извозот на вино од Македонија. Во 2005 извозот на вино изнесуваше 656 илјади хектолитри, од што беше остварен приход од 28,9 милиони евра, а во 2011 извозот е 968 илјади хектолитри со приход до 44,7 милиони евра. 2011 година беше најдобра во поглед на извозот во последните 10 години. Минатата година имавме рекорден извоз, кој се искачи на 1,15 милиони хектолитри. Само во првите три месеци од годинава е исполнета квотата за извоз на налевно вино во земјите на Европската Унија, која изнесува 31.400 000 литри. Самите овие бројки говорат за подемот во секторот земјоделство, кој е исклучително значаен за тиквешкиот регион како најголем лозаровинарски регион во Македонија.

Зголемен извозот на вино од МакедонијаЗголемен е извозот на вино од Македонија, рече вчера заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Kоњановски во Неготино.

- Во 2005 извозот на вино изнесуваше 656 илјади хектолитри, од што беше остварен приход од 28,9 милиони евра, а во 2011 извозот е 968 илјади хектолитри со приход до 44,7 милиони евра. 2011 година беше најдобра во поглед на извозот во последните 10 години. Минатата година имавме рекорден извоз, кој се искачи на 1,15 милиони хектолитри. Само во првите три месеци од годинава е исполнета квотата за извоз на налевно вино во земјите на Европската Унија, која изнесува 31.400 000 литри. Самите овие бројки говорат за подемот во секторот земјоделство, кој е исклучително значаен за тиквешкиот регион како најголем лозаровинарски регион во Македонија. Во последните неколку години регистрирано е и зголемување на извозот на пакувано вино, а дополнително радува фактот што постигнатата просечна цена за литар е порасната од 34 на 44 евроценти - истакна Kоњановски.

Тој се осврна и на проектот што се спроведува, а се однесува на изградба на 100 мали винарници.

- Развој на вински и на рурален туризам е нашата компаративна предност. Владата обезбедува локации, општините обезбедија урбанистички планови и треба да се заокружи проектот. Зацртани се 28 локации, што ги определивме со Општина Неготино за мини-винарници. Од нив пет се веќе продадени. Ги охрабрувам бизнисмените да вложат, па да искористат и дел од европските пари преку програмата ИПАРД за вложување во мини-винарници. Поголемите винарници, пак, со грант од оваа програма имаат можност за реконструкција - рече заменик-министерот.

Тој истакна дека мерките во поглед на винарството се дел од реформите во економијата, кои се забележливи. Скромните субвенции од пред неколку години повеќекратно се зголемени, а продолжуваат и натаму да растат и денес изнесуваат 135 милиони евра поддршка за земјоделците. Ова е, како што рече тој, директна поддршка до земјоделците, но индиректна и за преработувачите.

Четири винарници без лиценца

Четири винарници изгубија лиценца за работа поради непочитување на законот и неисплатено грозје во определениот законски рок.

- Во интерес на заштитата на правата на лозарите го донесовме Законот за лозарството и винарството, каде што точно се определени казните за оние што нема докрај да ги испочитуваат договорите. Во овој момент 4 винарници се избришани од регистарот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а против одговорното лице во една винарска визба поднесена е и кривична пријава за давање лажни изјава или нотарски акт дека е платено грозјето во целост - рече Kоњановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik